Неименуван маж во германскиот град Улм вечерва држел заложници во познатиот ланец кафе „Старбакс“.
Според последните информации на Билд , тој дошол во кафулето во петокот вечерта за време на својата смена и оттогаш зел четири лица како заложници. Првиот повик во полиција бил примен во 18 часот и 50 минути.
Идентитетот на тие заложници се уште не е познат, како и оружјето што напаѓачот го имал со себе.
Според германскиот весник, полицијата набрзо дошла во центарот на градот, а на лице место се собрале околу стотина набљудувачи.
Одеднаш, на местото на настанот биле испукани четири куршуми. Луѓето се распрснале во паника. Полицајците извикувале: „Сите бегајте одовде!“, а остана нејасно кој пукал, пишува Билд.
Според неофицијални информации, можно е полицијата да пукала. Се наведува дека од центарот на градот тргнала брза помош со повредениот сторител. Портпаролот за Билд потврди дека опасноста за населението поминала.