Јелена Карлеуша многупати има кажано дека нејзината мајка Дивна и’ била најголема поддршка, но имавме можност да слушнеме и за нејзиниот татко Драган Карлеуша.
Дивна на 19 години се омажила за Драган во 1977 година, а следната година ја добиле ќерката Јелена, денес популарна пејачка. Во тоа време Дивна била студентка на Правниот факултет, а Драган криминален инспектор. Тие се разведоа кога Јелена сè уште беше девојче, а по разделбата нејзиниот татко добил два сина во вториот брак, додека Дивна не сакала да има повеќе деца.
– Кога бев на работа, баба и’ ја чекаше дома со омиленото јадење. Сè што сакаше и’ беше купено. Јас ја носев на море, исто така и татко и’ таа добиваше сè дупло. Таа остана да живее со мене, но нејзиниот татко секогаш беше тука за неа кога и’ требаше. Таа ми веруваше и изградивме прекрасна врска, која таа никогаш не ја злоупотреби. Не сакав да родам уште едно дете за да не ја поделам љубовта кон неа на два дела. Кога се разведов, мојата одлука да не родам уште едно дете беше уште посилна бидејќи не сакав Јелена да има полубрат или полусестра. А сакаше да биде единица, принцеза и обожувано битие – раскажала Дивна за љубовта кон ќерката која и’ била голема потпора во животот.
Како член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша ги изненади сите кога во една емисија откри дел од биографијата на нејзиниот татко, кога натпреварувачот ја отпеа песната „Lola“, која оригинално ја изведе Ćobi, која ја потсети пејачката на нејзиниот татко.
– Не знам дали знаете, но татко ми свиреше на тапани со групата „Pro Arte“ токму на песната „Lola“ и тоа беше многу пред неговата полициска кариера – рече Јелена, која очигледно музикалноста ја наследи од татко и’.
Да потсетиме, групата „Pro Arte“ е основана во 1967 година од клавијатуристот и композитор Ѓорѓе Новковиќ, а со доаѓањето на Владимир Савчиќ Чоби во групата стануваат вистински ѕвезди.