5-дневната ресет диета во која се „заколнува“ диететичарот – го рестартира телото и го подготвува за понатамошното патување до посакуваната тежина!
Дали барате нова диета, дали сте пробале разни диети но ниту една не го дала посакуваниот ефект? Диететичарката Кристен Карли „се колне“ во таканаречената ресет диета , која се фокусира на храна богата со здрави хранливи материи, која ќе ви даде енергија и поттик да продолжите на патот до посакуваната тежина.
Диететичарот откри детален план за исхрана за време на ресети диета , која трае само пет дена и дава одлични резултати. Се јаде пет пати на ден, појадок , ручек, вечера, па дури и две закуски!
Ресет диета за прв ден
Појадок : Грчкиот јогурт со бобинки и ореви ќе ви даде 20 грама протеини и помалку од 300 калории
Ужина : Јаболко со путер од јаткасти плодови
Ручек : Салата со пилешко на скара, фета, маслинки, зелена салата, домат, краставица и грчки прелив. Добивате 30 грама протеини, не се чувствувате тешки, а тоа е нешто повеќе од 300 калории.
Ужина : моркови со хумус
Вечера : лосос и слаткиот компир печен во рерна исто така се богати со протеини. Додадете им тиквички или карфиол доколку сакате малку „појак“ оброк.
Ресет диета за вториот ден
Појадок : омлет со спанаќ и фета, заедно со интегрален тост, го започнува денот со дури 17 грама протеини.
Ужина : мешани јаткасти плодови – јадете грст, повеќе од тоа и можеби претерувате со внесот на маснотии.
Ручек : интегрална тортиља со мисиркина шунка, сирење и авокадо е заситна и вкусна!
Ужина : грчки јогурт со малку мед
Вечера : кафеав ориз пржен во тава со брокула и пиперки. Можете да додадете тофу сирење ако сакате, но не треба да додавате месо или риба.
Ресет диета за трет ден
Појадок : овесната каша со млеко и банана ќе ве држи сити неколку часа, бидејќи бавно се вари.
Ужина : свеж зеленчук по избор со малку путер од кикирики, кој е богат со протеини.
Ручек : супа од леќа со интегрален леб.
Ужина : овошје по избор (бобинки, ананас, јаболко, банана…)
Вечера : риба на скара со зеленчук, лесна и вкусна, токму за последниот оброк од денот
Ресет диета за 4-ти ден
Појадок : смути од спанаќ, бобинки и млеко содржи протеини, важни витамини и антиоксиданси.
Ужина : интегрални крекери со сирење за сите кои пропуштаат грицки за време на диетата!
Ручек : салата од наут и пиперка, со маслиново масло и лимон.
Ужина : свежо сирење и овошје, уште една доза на протеини и витамини.
Вечера : пилешко на скара со сладок компир од рерна и зелен лиснат зеленчук по избор.
Ресет диета за 5-ти ден
Појадок : почестете се и направете едноставни вафли, послужете ги со грчки јогурт и овошје.
Ужина : јаткасти плодови и сушено овошје.
Ручек : салата од црн грав со пченка, домати, маслиново масло и лимон.
Ужина : овошје по ваш избор.
Вечера : црвено месо на скара со салата, ако добро го изберете месото, ќе внесете дури 39 грама протеини.
Зошто функционира ресет диета?
Ресет диета е препорачана од диететичарите го поддржува вашето слабеење со фокусирање на што е можно помалку преработена храна, полна со хранливи материи. Овошјето, зеленчукот, интегралните житарки и посното месо ќе ве одржуваат сити и полни со енергија и нема да ви тежат на стомакот (или вагата).
Не се работи само за тоа што јадете, туку и како и кога. Ресет диета прави јасен распоред на оброци за никогаш да не бидете гладни, да не се лишувате од добра храна и повеќе да го слушате вашето тело и неговите потреби.