Застрашувачки снимки од семеен дом се појавија од Јапонија на кои се прикажани размерите на силните земјотреси кои денеска ја погодија земјата.
Најмалку едно лице загина откако се урна зграда во Јапонија по серија силни потреси, а итно предупредување за цунами беше издадено откако земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтер го погоди Ното во префектурата Ишикава на првиот ден од новата година , предизвикувајќи голема штета на патишта и домови. – пишува „Метро“.
Поголемиот дел од населението на Јапонија ги почувствува силните земјотреси и над 80 последователни потреси кои оставија над 36.000 домови без струја.
На видеото што се појави на социјалните мрежи, може да се види човек како се обидува да се држи за ѕидовите и да спречи нештата да паѓаат додека целата негова куќа во Канаваза, Ишикава, се тресе и се оддалечува .
Во позадина се слушаат женски глас и детски плач . Лицето кое го сподели клипот подоцна потврди дека сите членови на семејството се безбедни.
Повеќе од 50 земјотреси – вклучително и еден со јачина од 7,6 степени – ја потресоа денеска Јапонија. Десетици згради се урнаа на западниот брег на земјата, каде беа издадени предупредувања за цунами од пет метри.