Добрата вест е дека детоксикацијата на вашето тело не мора да биде скапа. Според древните рецепти, се што ви треба за ефикасно чистење на вашето тело се само три состојки: кефир, брашно од хељда и мед!
Зошто е важна детоксикацијата?
Во модерното време секојдневно сме изложени на токсини од воздухот, адитиви и штетни состојки од преработената храна и вода, а дополнително сме оптоварени со електромагнетното зрачење од уредите што ги користиме.
Сето ова ја зголемува концентрацијата на токсините и тешките метали во телото, што може да доведе до сериозни здравствени проблеми кога телото повеќе не може да се справи со товарот.
Со цел да му дадете одмор на вашето тело и да го исчистите од насобраните токсини, се препорачува детоксикација најмалку двапати годишно.
Главните состојки за природна детоксикација
Кефир – еликсир на долговечноста
Кефирот со векови бил основа на исхраната на жителите на Кавказ, познат и како „еликсир на здравјето“. Овој ферментиран млечен производ е богат со добри бактерии кои го подобруваат варењето, ги чистат цревата и го стимулираат црниот дроб, главниот орган за детоксикација.
Покрај тоа, кефирот е хипоалергичен, па може да го користат и оние кои имаат алергија на млеко.
Доколку имате можност, најдобро е кефирот сами да го подготвите дома, бидејќи домашниот кефир е поздрав од индустрискиот.
Брашно од хељда – сојузник на имунитетот и енергијата
Брашното од хељда е без глутен и богато со витамини и минерали, што го прави идеално за зајакнување на имунитетот и општото здравје. Помага во зајакнување на крвните садови, ја подобрува циркулацијата и го стимулира варењето, што е клучно за елиминирање на токсините.
Спортистите често го користат не само за чистење на телото туку и за зголемување на силата и издржливоста. Брашното од хељда во комбинација со кефир се покажало како исклучително ефикасно за детоксикација, бидејќи заедно ги чистат цревата, крвните садови и го подобруваат метаболизмот.
Мед – богатство на здравјето
Медот е опционален, но одличен додаток на овој рецепт. Богат е со антиоксиданси, витамини и минерали, па не само што ја поддржува детоксикацијата туку и го збогатува телото со корисни хранливи материи.
Народен рецепт за детоксикација
Состојки:
1 лажица брашно од хељда
180 мл кефир
малку мед (по избор)
Подготовка:
Во вечерните часови измешајте брашно од хељда и кефир. Оставете ја смесата во фрижидер преку ноќ.
Наутро додадете малку мед и добро измешајте.
Консумирајте наместо појадок. Не јадете ништо најмалку три часа по оброкот.
Оваа детоксикација можете да ја применувате две недели . Освен што ќе го исчистите телото од токсини, ќе забележите и губење на вишокот килограми на здрав начин .
Дајте му на вашето тело освежување и поддршка, пробајте го овој едноставен и природен рецепт.