Холивудскиот актер кој играше во многу бројни култни филмови и освои безброј награди, Џек Николсон, повеќе не ја напушта сопствената вилата на Беверли Хилс во Лос Анџелес.
Пред две години беше откриено дека холивудската легенда Џек Николсон (84 г.) боледува од деменција и дека е – „физички добро, но психички не“.
По оваа вест, актерот последен пат беше виден во јавноста на кошаркарскиот натпревар на Лос Анџелес Лејкерс пред две години, кога се фотографираше со навивачите и даваше автограми. Во тоа време тој бил во друштво на својот син кој го следел цело време. Сега американските медиуми пишуваат дека – „оскаровецот може да умре сам бидејќи ретко се гледа со други луѓе“.
Таткото на пет деца, наводно, поголемиот дел од времето го поминува дома во неговата вила на Беверли Хилс, повремено придружуван од своите деца.
„Џек е во контакт само со одредени роднини, особено со Реј, неговиот ‘миленик’, со кој се гордее, но неговите денови на дружење одамна поминаа“, изјавил извор за Radar Onilne, мислејќи на 30-годишниот син на Николсон.
„Неговите деца го посетуваат, но тие се неговата единствена врска со светот“, додал изворот и кажал: „Тоа е како да не сака повеќе да се соочува со реалноста и тоа е многу тажно“.
Џек Николсон со својата богата кариера остави траен белег во филмската индустрија и безсоменние е еден од најуспешните и најдобрите актери на сите времиња.