Децата на Златан Ибрахимовиќ имаат сè, но една работа им е строго забранета

Златан Ибрахимовиќ вложи многу време и труд во својата фудбалска кариера, но тоа не значи дека тој не е посветен татко. Со невенчаната сопруга Хелена Сегер има два сина Максимилијан и Винсент на кои им дозволил сè освен една работа.

Иако нивните врсници веројатно редовно поминуваат време на социјалните мрежи, овие двајца не смеат да користат социјални мрежи.

„Ги сакам моите деца како никој друг на светот и тие секогаш ќе бидат мојот прв приоритет. Само затоа што ги сакам, сакам да ги заштитам и затоа не им дозволувам да користат социјални мрежи. Не сакам да бидат повредени од лошите работи што можат да ги прочитаат за мене. Затоа на мојот Инстаграм нема фотографии од моите деца и семејството“, изјави Ибрахимовиќ.

Максимилијан и Винсент тргнаа по стапките на својот татко и се успешни во помладите категории. Кога ќе пораснат, тврди нивниот татко, ќе можат сами да одлучат дали ќе поминуваат време на социјалните мрежи или не.

,,Имам одговорност да ги водам на вистинскиот пат, а тие ќе продолжат како што сакаат“, заклучи прославениот фудбалер.