Претседателот на СРС, д-р Воислав Шешељ, рече дека секој Србин кој се солидаризира со Адем Јашари е всушност предавник од најлош вид.
– Адем Јашари беше голем криминалец и бунтовник против режимот. Својата куќа ја претворил во тврдина, а таму ги затворил членовите на семејството. Некои членови од неговото семејство сакале да си заминат и Адем лично ги убил. Сакаше да им зададе политички удар на Србите – изјави Шешељ за ТВ Информер.
Многумина од српските предавници се потомци на комунисти, објасни претседателот на СРС.
– Тито беше најголемиот србомразец и правеше cè против Србите. Тие деца на титовите министри и генерали сега се на антисрпска страна – изјави д-р Воислав Шешељ и нагласи дека има исклучоци.