Премиерот на Израел вечерва и се обрати на нацијата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва им се обрати на граѓаните во врска со актуелната состојба во земјата.
За време на говорот, Бенјамин Нетанјаху рече дека милитантите на Хамас обезглавувале војници и силувале жени за време на нападот.
„Момци и девојчиња беа застрелани во глава, а луѓето беа запалени живи“, додаде тој.
Нетанјаху потоа додаде дека најмалку 1.200 Израелци биле убиени во нападите, кои следеле по жесток одговор во Појасот Газа.
Израелскиот премиер не понуди никаков доказ за да ги потврди неговите наводи, пренесоа медиумите.