На работен состанок, утрово во просториите на општина Аеродром, официјално беше предаден кабинетот на градоначалникот на општината, на кој учествуваа поранешниот градоначалник на општината Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески.
Двајцата функционери ја истакнаа досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи без проблеми и континуирано.
Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, нагласувајќи дека Општината и понатаму ја води човек кој како претседавач на советот дал важен и сериозен придонес во нејзиното работење и функционирање.
Тој се заблагодари на целиот тим и на општинската администрација за поддршката и соработката.