Дејвид Бекам го покажа своето „ново“ лице, луѓето останаа без зборови: „Што е ова, непрепознатлив е“

Дејвид Бекам се појавува во реклама, меѓутоа, целиот фокус „избега“ на лицето на славниот фудбалер, наместо на она за што зборуваше.

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам сè уште важи за еден од најпосакуваните мажи во јавноста. Тој често објавува провокативни фотографии од теретана на социјалните мрежи, а најчесто ги фотографира неговата сопруга Викторија .

Сепак, сега ситуацијата беше малку поинаква.

Дејвид беше вклучен во реклама каде што зборуваше за најлесниот начин да се добијат билети за Светското првенство, но сите го гледаа во лице многу повеќе отколку што очекуваа.

Овој пат, тие не го пофалија .

@verizon The first drop is here. Get your free @FIFA ♬ original sound – Verizon

Очигледно, поранешниот фудбалер воопшто не личи на себе , а луѓето најмногу коментираа за неговите јаболчници и коса.

„Непрепознатлив“, „Што му е со косата, дали е ова вештачка интелигенција?“, „Не сфатив кој е ова кога првпат го видов видеото“, „Филерите не се за секого“, „И мажите очигледно се плашат од стареење“, беа некои од коментарите.

Останува непознато дали Дејвид всушност направил некоја естетска операција на себе, а познато е дека еднаш рекол дека никогаш не би одел кај пластичен хирург и дека користи само креми и маски за лице, но обожавателите сè уште мислат дека Бекам направил ботокс, блефаропластика и филери за јаболчници.