Дејвид Гета и неговата 25 години помлада девојка Џесика Ледон открија дека чекаат дете на Латинските Греми награди.
Познатиот 56-годишен диџеј и манекенката го очекуваат своето прво заедничко дете, а среќната вест ја потврдија и на Латино Греми наградите во Севиља.
Џесика на црвениот тепих го покажа својот труднички стомак кој расте во тесен зелен фустан, а Гета гордо им позираше на фотографите со раката на него.
„Имаме голема вест за вас! Најважната најава на годината“, напишаа покрај фотографиите од настанот кои двајцата ги објавија на Инстаграм, а во коментар добија и бројни честитки.
Дејвид и неговата поранешна сопруга Кети веќе имаат две деца, 19-годишниот син Елвис и 15-годишната ќерка Енџи.
Двојката се разведе во 2014 година, по 22 години брак, а од почетокот на врската на Дејвид со 25 години помладата Џесика, се шпекулира дека ја оставил поранешната сопруга поради неа.
Во октомври минатата година, парот се најде во криза и се шпекулираше дека раскинале, по што беа видени заедно во јавноста.