– Американскиот рокер Дејв Грол како доброволец правеше скара во засолништето за бездомници „Требек центар“ во Нортриџ, Калифорнија, САД.
Грејс Анчета, раководител на „Мисијата за надеж“, за тамошните медиуми раскажа дека светски познатиот пејач од хеви-метал составот „Фу фајтерс“ и пријателите минатата седмица пристигнале со сопствени скари, месо и храна и приредиле своевиден „спектакл“ за луѓето кои имаат потреба од топол оброк.
– Тој ја обезбеди храната и времето и се фати за печење во тек на 24 часа среде невремето минатата седмица… Тој го стори тоа, додека нашиот основач и извршен директор, Кен Крафт, и претседателот и Центарот, Роуан Ванслив, беа на пат од 350 милји од Лас Вегас до Лос Анџелес во обид да ги соберат последните 350.000 американски долари потребни за да ги отворат нашите три засолништа. Дејв подготви вечера за над 450 луѓе, за неколку наши засолништа и остана со пријателитре да ја послужат храната на сите наши штитеници во „Центарот Требек“, вели Анчета.
„Не го заслужуваме Дејв Грол“, гласи еден твитер-коментар.
Можеби нему и не му било целта светот да дознае за тоа, но иако со задоцнување од седум дена, интернетот го забележа своето добро дело. А, бројни обожаватели го поздравија ваквиот потег сo песната „Мy hero“ („Мојот херој“) на „Фу фајтерс“.