Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во текот на првото тримесечје од 2024 година, 90,8 % од домаќинствата во Република Македонија имале пристап до интернет од дома.
Според истиот извор, во првото тримесечје од 2024 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 91,2 %, а 76,4 % го користеле неколкупати во текот на денот.
63,5 % од лицата нарачале/купиле стоки или услуги преку интернет во последните 12 месеци.