Дивоградби! Полицијата влегува во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

Неколку одделенија во рамките на Министерството за внатрешни работи – организиран криминал, криминалистичка полиција, СПБ Скопјe – вчера влегоа во неколку општини во рамките на Градот Скопјe, каде што постапуваат по конкретни наредби дадени од јавниот обвинител, а во врска со дивоградбите, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

За да обезбеди докази за нелегална градба, Тошковски нагласи дека тие влегле во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода.

„Во овој момент не можам да споделам информации за доставената документација, но би сакал да напоменам дека ова се тековни активности на Министерството за внатрешни работи. Ова не е затоа што јавноста е заинтересирана за конкретната тема и Министерството за внатрешни работи дејствува, туку напротив, ова се тековни активности во кои работиме секојдневно“, рече Тошковски, одговарајќи на новинарското прашање по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Црвениот крст.

Секаде, нагласи Тошковски, мора да се постапува согласно законот и доколку се утврди дека станува збор за бесправна градба и претставува ризик за безбедноста на граѓаните, таа ќе биде предмет на уривање.

На прашањето дали МВР постапува по пријавите на градоначалничката …

МВР ја извршува работата што е во негова надлежност, нагласи Тошковски, нагласувајќи дека МВР ниту поднесува пријави, ниту издава градежни дозволи, ниту е општински инспектор.