Државниот инспекторат за земјоделство излезе со соопштение по добиеното известување од системот за брзо известување на ЕУ (RASAFF – Window) од Република Хрватска во врска со пратката со зелена зелка (brassica oleracea var sabauda), која беше идентификувана како неизвесна од хрватската царинска служба при увоз.
Првично, од ДИЗ истакнаа дека во медиумите се изнесени изјави кои не се точни бидејќи се споменуваат пратки со зелка, додека во конкретниот случај се работи за кењ.
„Според хрватскиот извештај, утврдено е присуство на забранетата активна супстанција имидаклоприд во производот, бидејќи од 1.12.2020 година во рамките на регулативата на ЕУ 2020/1643 е забранета за употреба. Извозот е остварен на 9.1.2025 година, додека пратката што се чувала на граничниот премин е со вкупна количина од 2.700 килограми“, нагласуваат од ДИЗ.
По добивањето на оваа информација, ДИЗ изврши 20 вонредни проверки од внатрешни фитосанитарни инспектори кај регионалниот купувач и извозник. По тој повод било констатирано дека земјоделскиот производ кељ е откупен од земјоделското стопанство во валандовското село Јосифово.
Во текот на изминатите денови беа извршени дополнителни проверки и анализи.
Директорот на ДИЗ, Васе Анакиев повика дека е задолжително водење на список за докази за третман на растенија и растителни производи.
„ДИЗ континуирано ги следи сите аспекти на безбедноста на земјоделските производи кои се извезуваат или увезуваат во нашата земја. Нашата основна задача е да обезбедиме производите што ги испраќаме на странските пазари, како и оние што ги увезуваме, да не содржат забранети или опасни активни супстанции кои можат да претставуваат ризик за здравјето на луѓето. Во случајот со кељот извезена во Хрватска, по извршените проверки и анализи можеме да констатираме дека нема присуство на опасни материи. Но ќе продолжиме со интензивен надзор за да ги обезбедиме сите земјоделски производи во нашата држава“, додаде Анакиев.
Во земјава, посочуваат од ДИЗ, веќе е регулиран пазарот на пестициди кои содржат имидаклоприд и континуирано се вршат редовни и вонредни контроли