Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека се заразил со аденовирус, а ова го објавија речиси сите големи светски медиуми.
„Ако некој мисли дека ќе умрам, нека не се лаже. Ова не е ништо друго освен празноглаво размислување во инстант месинџерите и каналите на социјалната мрежа Телеграм“, рекол претседателот на Белорусија, во одговор на овие пишувања на западните медиуми.
Според него, ваквото заболување се „лекува три дена“, а претходно не можел да внимава на своето здравје поради напорниот распоред.
„Но, бидејќи немав шанса да оздравам, морав да одам во Москва, па во Суботњика, па во Гродно, па во Гомел, сето тоа се акумулираше“, објаснува „диктаторот“ Александар Лукашенко.
Освен тоа, претседателот на Белорусија ги повика луѓето да престанат да шират гласини за неговата болест.