Државната изборна комисија денеска ќе ги објави конечните резултати од првиот круг од локалните избори.
На продолжението на 150 седница, ДИК ќе ги објави резултатите за сите општини по завршувањето на постапката по тужбите поднесени пред Управниот суд.
ДИК ќе го објави и прегледот на општините каде што нема поднесени тужби и каде гласањето на завршено, како и општините во кои ќе се одржи втор круг на изборите или прегласување на првиот поради немање доволно излезност на 19-ти октомври.