Димитар Ковачевски – Албин Курти: “Мирно решавање на отворените регионални прашања е придонес за стабилен и просперитетен Западен Балкан“

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Косово, Албин Курти, на средбата во Виена разговараа за дијалогот Приштина – Белград, при што се согласија дека клучно за напредокот на Западен Балкан е мирно решавање на отворените регионални прашања, како и интензивирање на меѓусебната сорабока, што е придонес за стабилност и просперитет на целиот регион.

Како што соопштија од Владата, на денешната средба која се реализираше во рамките на Економскиот Форум во Виена, беа реафирмирани заложбите на Северна Македонија и Косово за продлабочување на меѓусебната соработка со цел натамошно продлабочување и зацврстување на добрососедските односи, со фокус на економската соработка.

Димитар Ковачевски и Албин Курти разговараа и за соработката во доменот на енергетиката и потврдија дека од клучна важност е интегрирањето на регионалните пазари на електрична енергија и натамошна активна работа кон обезбедување диверзификација и одржливост на изворите на енергија.

Албин КуртиДимитар КовачевскиКосовоМакедонијаполитика