„Градоначалниците од редовите на СДСМ со својата работа и реализирани проекти на локално ниво се пример за успешна и посветена работа во интерес на граѓаните“, посочи премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, во објава на социјалната мрежа Фејсбук споделувајќи фотографија од средба со партиското раководство и градоначалниците.
Димитар Ковачевски истакнува дека просечно во сите 17 општини раководени од СДСМ се реализирани над 53 проценти од ветените проекти пред граѓаните
„Општините се развиваат и напредуваат. Тоа е огромна разлика во споредба со неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ кои за две години немаат реализирани проекти и не работат ништо за граѓаните. Ова достигнување ја одразува посветеноста на СДСМ за граѓаните. Политиките на Владата се насочени кон рамномерен локален развој и економски напредок за подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани“, се наведува во објавата.