Претседателот на владата, Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби се на чело на тимот кој треба да ги води преговорите со пратениците од опозицијата кои би гласале за уставните измени, во случај, на крајот, како неуспешна да заврши предлог-операцијата СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да формираат заедничка влада за спроведување на уставните измени и потоа брзо одење на предвремени избори.
Ова беше кажано во вечерашната емисија Во Центар која се емитува на јутуб каналот Vasko Eftov. Целата емисија можете да ја погледате на следниот линк:
Во политичката анализа која беше направена во оваа емсија беше најавена посетата на Ковачевски и средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц на 28 јуни, како и посетата на францускиот претседател, Емануел Макрон на Скопје.
Според информациите кои беа објавени во емисијата Во Центар, претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен сака својот мандат ( ноември 2024 година ) да го заврши со формирање група на држави кои би биле нови членки на ЕУ. Освен Македонија и Албанија во таа група би биле и Црна Гора, Србија, Украина и Молдавија. Украина нема да влезе во НАТО и затоа ќе биде наградена со ЕУ.
Според сознанијата на емисијата Во Центар целата операција околу уставните измени, со кои на чистина требаше да биде изваден лидерот на опизицијата, Христијан Мицкоски, добила зелено светло при неодамнешната средба на Ковачевски со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен. Потоа следуваше посетата на сенаторот Крис Марфи во Скопје, кога тој официјално имаше средба со шест пратеници од опозицијата, а неофицијално се видел со скоро половина од пратеничката група. На сите им била пратена порака дека ако не се гласа за уставните измени тогаш се спроведува руското сценарио во Македонија.
Во емисијата беше кажано дека во последните два дена во Скопје биле присутни “теренски играчи” од таа страна на Атлантокот кои разговарале со сите субјекти како да бидат изгласани уставните измени.