Претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, информираше дека по 15 август годинава ќе бидат познати деталите од преговорите со коалицискиот партнер, ВМРО-ДПМНЕ.
Како што информираше на прес-конференцијата, се водат преговори за поголем број општини, повторувајќи дека таму каде што немаат свој кандидат, ќе го поддржат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
„За мене, Куманово и Центар се веќе одлучени, според мене. Што се однесува до другите општини, дополнително ќе бидете информирани. Разговараме за поголем пакет за поголем број општини каде што нашиот коалициски партнер во Владата, ВМРО-ДПМНЕ со нивните коалициски партнери би ги поддржале нашите кандидати во тие општини. Исто така, членството на ЗНАМ и нашите поддржувачи би ги поддржале своите кандидати во други општини каде што немаме наш кандидат за градоначалник, вклучително и градоначалникот на град Скопјe“, изјави Димитриевски