„Комуникацијата со банките продолжува. Се очекува да се произнесат за каматната стапка и нивната можност таа да биде на ниво пониско од 3,25%, како и да утврдат некои суптилности во однос на критериумите“. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочска, поканета во ТВ Сител, при што истакна дека немало никаков проблем при разговорите со банкарскиот сектор и дека она што не можело да се договори е рокот на отплата, но беше пронајдено заедничко решение.
„На некој начин со банкарскиот сектор не можеме да се договориме за рокот на отплата, бидејќи секоја банка има свои интерни процедури за донесување одлуки, во зависност од тоа дали се работи за опрема или за градежни објекти. Целта беше да се постигне заеднички договор, каде што ќе утврдиме кои ќе бидат условите, поточно да ги прифатиме истите услови со кои го добивме кредитот, кој предвидува грејс период од 3 години и рок на отплата од 12 години. На овој начин ја избегнуваме ситуацијата клиентите да се движат од една во друга банка“.
„Разговаравме и за овој дел. Во интересниот дел, Владата останува на ставот доколку се најде начин и се договори со банките на одреден начин и тие да имаат општествена одговорност, за да се поттикнат поголеми инвестиции“, рече Димитриека-Кочоска.
Таа нагласи и дека тоа е на премиерот и во таа насока побара банките делумно да ги субвенционираат каматите.