Процедурата за трансфер на средства од унгарскиот кредит е веќе завршена и денеска се очекува тие да бидат префрлени на сметката на Народната банка, додека утре ќе бидат префрлени во Буџетот, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска. -Кочоска.
„Од Министерството за финансии ме известија дека се е подготвено и очекувам средствата да се префрлат на сметката во Народна банка и потоа да се насочат кон општините и фирмите. Веќе се избрани општинските проекти кои ќе се финансираат од средствата. Сумата што ја бараа општините за реализација на нивните проекти беше поголема и важно беше што беа во завршна фаза за да придонесат и за економски развој“, рече Димитриеска-Кочоска.
Таа најави дека веќе е започната процедурата за повлекување на втората рата од кредитот со која ќе се исплати еврообврзницата која доспева во јануари 2025 година.