Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека смета оти вториот пензиски столб е непотребен.
Според неа, тој ни прави дополнителен трошок.
„Јас сметам дека вториот столб е непотребен, затоа што таму ни се одлеваат пари кои што повторно завршуваат во државата, бидејќи тие пензиски друштва всушност ги инвестираат парите во државата, значи дополнителен трошок ни прават“, вели Димитриеска Кочоска.
Таа апелира до граѓаните да си проверат колку тие пари им се оплодени во вториот столб.