ДИМИТРИЈ МЕДВЕДЕВ НАЈАВИ ПРОШИРУВАЊЕ НА РУСИЈА НА ЗАПАД !? Поранешниот прв човек на Кремљ со драматична порака: “Нема да застанеме додека не ги ослободиме старите руски земји!“

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија, наведува дека војната во Украина ќе продолжи се додека „нацистичкиот режим“ во Киев не биде целосно поразен.

Дмитриј Медведев објави на социјалната мрежа Телеграм за обединување на новите региони со Русија.

Победата ќе биде наша и ќе има уште нови региони внатре во Русија“, напиша Дмитриј Медведев и нагласи дека војната нема да заврши до ослободувањето на „оригиналните руски територии“ од непријателот.

Дмитриј Медведев додаде дека пред една година жителите на припоените региони донеле судбоносна одлука на референдуми да застанат на страната на својата татковина.

Нивниот избор стана не само симбол на обновувањето на историската правда, туку и на единството, односно на колосалната волја и посветеност на рускиот народ“, нагласи Дмитриј Медведев.

војнаДмитриј МедведевРусијаУкраина