„Налозите, обвинителите, процесите против Русија се само шега што ги забавува руските непријатели, но тие се суштински опасни игри и можат во одреден момент да станат casus belli, т.е. причината за војната“, напиша заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во објава на социјалната мрежа Телеграм.
„Судиите на кутриот Меѓународен кривичен суд (МКС) продолжуваат да ја оправдуваат својата неостварлива позиција, а со тоа и опасна за светскиот мир, одлука за издавање налог за апсење на претседателот на Русија“, посочи тој.
„Истовремено, непријателите на Русија не се грижат за принципите на меѓународното право и основните правила на меѓународните односи“, додаде Дмитриј Медведев и објасни дека функционирањето на меѓународните договори не се однесува на оние земји кои не се потписнички.
„Тоа е камен-темелник на правото на меѓународните договори и на договорното право воопшто“, нагласи тој.
„Во согласност со Виенската конвенција од 1969 година, доколку договорот предвидува обврски за трети земји, тогаш е неопходна јасна и експлицитна согласност од овие земји за исполнување на таквите обврски“, продолжи тој.
„Нашата земја нема никаква врска со Римскиот статут на МКС и нема никаква обврска да соработува со него. Нејзините одлуки се бесмислени за нас додека доброволно не станеме членови на оваа организација. И тоа никогаш нема да се случи. Ние го презираме МКС и посакуваме што побрза и болна смрт од неспособност и немоќ“, напиша тој.
Според него, аргументите што ги користат хашките бирократи претставуваат невидена злоупотреба на мандатот што им го дава Римскиот статут. „Тие очигледно планираа да ги преработат основните принципи на меѓународното право, иако тие се само судии, а не законодавци“, додаде тој.
Заборавија дека улогата на судијата е да го спроведува законот, а не да го прави, посочи тој и ја цитираше латинската изрека „iudicis est ius dicere, non darre“ („должност на судијата е да го применува законот, а не да го создава“).
„Еден од аргументите што се користат во МКС е дека дејствата на судот се индиректно поддржани од членовите на Советот за безбедност на ОН, бидејќи тие никогаш немале забелешки за улогата на судот, неговиот мандат или меѓународните квалификации“, напиша Дмитриј Медведев и веднаш демантираше.
„Хашките курви, извинете, повторно имаат потешкотии со елементарната аритметика и со сопствената меморија. Меѓу земјите кои не ја признаваат јурисдикцијата на МКС се три постојани членки на Советот за безбедност на ОН. Тоа е Русија , Кина и САД“, истакна Дмитриј Медведев
„Во 2002 година, САД донесе закон за заштита на американската војска, врз основа на кој САД го задржуваат правото да користат воена сила за да го ослободат секој американски државјанин или сојузник на САД притворен на територијата на трета земја по наредба на МКС“, потсети тој.