Димитровски: Новите воени сојузи на Балканот може да бидат опасни

Новоформираните сојузи за воена соработка на Балканот засега остануваат без нови членки. Официјални лица од Косово, Албанија и Хрватска нагласија дека поканата е отворена за Бугарија, но нема потврда од Софија за членство. Според информациите, оваа алијанса е отворена и за Северна Македонија, но државниот врв во земјата јавно не ја коментирал понудата. По формирањето на овој сојуз, Унгарија и Србија постигнаа сличен договор, а за приклучување е заинтересирана и Република Српска.

Само заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Зоран Димитровски јавно ја пофали новата воена соработка на Балканот.

,,Мислам дека како претставник на земја членка на НАТО можат на некој начин да бидат контрапродуктивни“, вели Димитровски.

Според Димитровски, додека Европската унија работи на зајакнување на своите одбранбени капацитети, НАТО треба да остане единствената Алијанса која ја гарантира безбедноста во регионот.

,,НАТО мора да биде присутен и е единствена воена сила во однос на безбедносните гаранции за Балканот, бидејќи другите сојузи можат да бидат многу опасни дури и за самата Европска унија“, рече Димитровски.

Димитровски оценува дека двата сојуза не соработуваат меѓу себе и изјави дека нема да функционираат, односно дека ќе пропаднат иницијативите за соработка во одбраната.