Димитров: ЕУ дозволи она што ни беше најважно и она што го обезбедивме со Преспанскиот договор, сега да биде нападнато од Бугарија

„Европа мора да биде стабилен, доследен и принципиелен партнер, партнер кој ги одржува и исполнува ветувањата. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права . Ние не го гледаме ова“, рече претседателот на „ Солуција “, Никола Димитров , на „Сими симпозиумот“ што се одржува по 27-ми пат во Грција .

„Силата на ЕУ отсекогаш била во нејзините принципи. Во моментот кога Европа ќе ги напушти своите вредности, таа станува ништо. Европа мора да биде стабилен, доследен и принципиелен партнер, партнер кој ги одржува и исполнува ветувањата. Партнер кој е гласен кога се прават неправди, кога се крши меѓународното право, кога се злоупотребуваат човековите права . Ние не го гледаме ова“, рече Димитров.

Тој зборуваше за искуството на земјата во европските интеграции и блокадите со кои се соочува земјата .

„ЕУ дозволи она што ни беше најважно и она што го обезбедивме со Преспанскиот договор, она што Грција го призна , дека сме Македонци, дека зборуваме македонски јазик, сега да биде нападната од Бугарија. Бугарија гордо го искористи ветото, откако прво ни го наметна Франција, ужасна геостратешка грешка од Париз. А сега, наместо да зборуваме за реформи, сме заглавени со срамни прашања од минатиот век, со наратив кој е едноставно неприфатлив во Европа од 21 век – некој друг ми кажува кој сум и на кој јазик зборувам“, рече Димитров.

Тој зборуваше и за улогата на ЕУ на глобалната геополитичка сцена, нагласувајќи дека со политика на компромис кога се во прашање основните вредности, ЕУ го поткопува и својот кредибилитет и својата релевантност во светот кој станува сè поопасен и непредвидлив.