Димитров ќе се соочи со Алкараз: Бугарин ја преживеа голготата против Гаел Монфис

Бугарскиот тенисер Григор Димитров успеа да се пласира во осминафиналето на Индијан Велс, кој по голема борба го совлада Гаел Монфис со 2:1, по сетови 7:6, 4:6, 7:6.

Димитров многу се мачеше против искусниот Монфис, кој беше јасно решен да покаже дека сепак има во себе квалитет кој е подготвен да го покаже пред широката публика.

Тие поминаа три часа на теренот, а во текот на секој сет се гледаше драма.

Најпрвин Димитров загуби брејк во седмиот гем од првиот сет и му дозволи на Монфис да поведе со 4:3, но тој брејк веднаш го врати.

Продолжи нерешено, до тај-брејкот во кој Бугаринот победи. Вториот сет беше далеку порамномерен, со само еден брејк.

Монфис чекаше и ја искористи првата брејк-точка, која беше и сет поен за израмнување на играта.

Во решавачкиот сет Димитров направи брејк уште на стартот поведувајќи со 1:0, но тоа водство го загуби кога сервираше на 3:2.

До крајот немаше брејкови, но Димитров беше пресигурен во тајбрејкот победувајќи со 7:2.

Тој во осминафиналето ќе игра против Карлос Алкараз.