Димни бомби и хаос во српското Собрание

Во Собранието на Србија денеска почна првата седница од редовната пролетна седница на која беше предложен дневен ред со 62 точки, меѓу кои четири закони од областа на образованието, меѓу кои и измените на Законот за високото образование, како и предлог-законот за поволни станбени кредити за младите.

Дискусијата почна жестоко околу дневниот ред, но во меѓувреме во салата се активира димен факел! Салата се наполни со чад, а во еден момент дојде и до туркање меѓу пратениците. Имаше и удари.

Пратеникот на Зелено-левичарскиот фронт Ѓорѓе Павичевиќ држеше факел во раката, додека пратеникот Предраг Марсениќ (Нов ДСС) ја поли со вода претседателката на Собранието, Ана Брнабиќ.

-Барам пратениците да се вратат во своите фотелји и да продолжат со работата. Имаме работа и Србија никогаш нема да застане – изјави Ана Брнабиќ.

Како што рече, „Србија се гради со работа, седни да работиме“!

„Ваква Србија никогаш нема да победи“, рече Брнабиќ, додека пратениците од опозицијата протестираа и правеа врева во позадина.

Денешната седница е прв собир на пратеници од ноември минатата година, а фокусот е на усвојување на измените на Законот за високо образование за исполнување на четвртото студентско барање, како и оставка на премиерот Вучевиќ. Во собраниската сала има обезбедување, а се слушаат извици на неодобрување, свирежи и трубење.