Дино Мерлин за масакрот во Цетиње: Срцето ми е скршено (Фото)

Регионалната музичка ѕвезда Дино Мерлин зборуваше за масакрот во Цетиње каде според последните информации загинаа најмалку десет лица.

-Длабоко сум потресен од оваа страшна трагедија во Цетиње. Срцето ми е скршено. Тажно и празно е колку што окото може да види.

Мислите ми се насочени кон жртвите. Искрено сочувство до семејствата на жртвите. Боже, дај ни уште еден ден… – рече Мерлин.

Дино Мерлин вечерва требаше да одржи концерт во Будва, но тој ќе биде откажан поради масакрот што во Цетиње го изврши А,М , по кого трага полицијата и војската на Црна Гора.