Дино Мерлин во интервју за српските медиуми го даде долгоочекуваниот одговор во врска со песната „Белград“ која ја напиша тој а ја пее Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Дино откри дека тој не требало да ја сними споменатата песна, туку дека овој голем хит е напишан за Цеца Величковиќ по барање на нејзиниот тогашен партнер Харун Самарџиќ.
Напишавте неофицијална химна за овој град. Сè уште стоите на ставот дека нема да ја пеете „Белград“ на вашите концерти?, го запраша новинарот.
– Среќна околност е што напишав доволно песни што и’ се допаѓаат на мојата публика. Но, како што одминува времето и има сè повеќе и повеќе песни, ми станува сè потешко да составам список на концертни сетови за да ги задоволам и мене и нив. „Белград“ ми е драга песна, но речиси никогаш не ги изведувам песните што ги напишав за други. Сепак, никогаш не вели никогаш. Добра идеја ми дадовте, ќе размислам.
Ќе ни кажеш ли после 32 години дали е вистина дека требаше да ја снимиш „Белград“, па се премисливте и песната и’ ја дадовте на Цеци Ражнатовиќ?
– За жал, ни тоа не е точно. Песната „Белград“ е напишана за Цеца Величковиќ во Швајцарија, во Гален, една ноќ во почетокот на ’91. година, на барање на нејзиниот тогашен партнер Харун Самарџиќ. Тогаш и’ напишав три песни, меѓу кои и песната „Белград“.