Директорката на Царинската управа, Славица Кутиров, со соопштение до медиумите информира дека на денешната седница Владата на Република Северна Македонија ја прифатила нејзината оставка од функцијата директор на Царинската управа, поднесена од лични причини, а со цел понатамошен развој на нејзината професионална кариера на меѓународен план.
„Сакам да се заблагодарам на Владата и на премиерот Димитар Ковачевски за безрезервната поддршка во изминатите две години, што придонесе Царинската управа да прерасне во една од водечките професионални и технолошки напредни институции во државата“, се вели во соопштението до медиумите.
На нејзиниот наследник му посакува успешна работа и, како што вели, уште подобри резултати.