Директорка на основно училиште под истрага противправно се збогатила за над 300 илјади денари

Директорка на основно училиште во едно од струмичките села кривично ќе одговара откако е осомничена дека противправно користела над 300 илјади денари.

Како што е соопштено во дневното соопштение на МВР, 54-годишната со иницијали С.Р., на позицијата директорка на основно училиште во село Ново Село, се самоизбрала за ментор на практиканти на воспитно-образовни асистенти, со што имала корист од 10% од бруто платата во текот на 2023 и 2024 година.

„СBP Струмица поднесе кривична пријава против С.Р.(54) од струмичко Ново Селo поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2023 и 2024 година, обвинетата во улога на директорка на Основното училиште во Ново Село, самата била избрана за ментор на практикантите на воспитно-образовни асистенти, за што заработила пари во вредност од 10% од бруто платата, со што остварила противправно богатство од 147.454,20 денари и 2000 денари”:се наведува во билтенот на МВР.