Директорот е мета на критики бидејќи седел без кошула на деловен состанок додека го масирале

„Тоа беше стресна недела“, рече тој

Основачот на AirAsia, Тони Фернандез, се најде на удар на критики откако објави слика на LinkedIn на која седи без кошула додека го масираат за време на состанок.

– Беше стресна недела и Веранита Жозефин предложи масажа. Мора да ја сакате Индонезија и културата на AirAsia кога можам да направам масажа додека сум на состанок со раководството – рече тој.

На сликата е прикажан како седи на маса додека непозната жена му го масира вратот.

Сепак, на социјалните мрежи се појавија коментари дека тоа е крајно несоодветно, па Фернандез ја избриша објавата од својот профил по неколку дена.

„Треба да биде пример за добра работна етика и култура, не покажувајќи го своето тело и привилегии“, „Ова е толку непрофесионално и без трошка почит“, беа само дел од коментарите.

Инаку, Фернандез е роден во Малезија, а како момче се преселил во Велика Британија за да присуствува на престижниот колеџ Епсом.

Тој ја купи авиокомпанијата од малезиската влада во 2001 година и ја претвори во успешна нискобуџетна компанија.

Едно време беше и косопственик на лондонскиот фудбалски тим „Квинс Парк Ренџерс“.