Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, изјави дека постои можност Кина да испрати вооружена помош за Русија во војната со Украина.
– Сигурни сме дека кинеското раководство размислува да ѝ обезбеди на Русија смртоносна опрема – изјави Барнс за „CBS News“.
Тој нагласи дека Кина сè уште не донела одлука да испрати оружје во Русија и објасни од каде е одлуката на администрацијата на Бајден да ги даде овие разузнавачки информации.
– Не гледаме дека сè уште е донесена конечната одлука и не гледаме докази за реални испораки на смртоносна опрема. И затоа, мислам, секретарот Ентони Блинкен и претседателот Бајден сметаа дека е важно јасно да се наведат какви ќе бидат последиците – додаде директорот на ЦИА.
На прашањето дали целта на администрацијата на Бајден, со објавувањето на разузнавачките служби на ЦИА, е да ја одврати Кина од испраќање оружје во Русија, Барнс одговори потврдно.
– Тоа е планот. Ако кинескиот претседател Си го стори тоа, тоа ќе беше многу ризичен и немудар облог – рече Барнс.