Директорот на ЈП “Паркови и зеленило“ – Скопје поднесе оставка

В.Д. директорот на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ – Скопје, Зухејр Реџепи во објава на Фејсбук страната на претпријатието извести дека поради здравствени причини поднесува оставка на функцијата. 

Поради здравствени предизвици денеска си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП ‘Паркови и Зеленило’. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција“, пишува Реџепи во објавата.

Реџепи, кој е дел на т.н. „Огнена група“ на ДУИ, беше назначен на функцијата лани во септември, откако директорските кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во скопските јавни претпријатија поднесоа оставки по раскинувањето на соработката со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

МакедонијаСкопје