Длабока Анализа: Како Македонија стана жртва на криминалот и тајните игри?


Во вториот дел од ексклузивното интервју за емисијата „Во Центар“, Љубомир Ѓурчевски, поранешен висок полициски функционер, ги открива шокантните детали за формирањето на македонската олигархија, корените на организираниот криминал и нивното влијание врз политиката и економијата на земјата. Во оваа објава ви нудиме преглед на некои од клучните точки од разговорот со Васко Ефтов, фрлајќи нова светлина на контроверзни настани и личности.

Приватизацијата: Извор на Криминал и Богатство
Ѓурчевски тврди дека темелите на организираниот економски криминал во Македонија се поставени со приватизацијата на општествениот капитал. Законите на Анте Марковиќ и Јане Миљовски, иако со мали разлики во менаџерските тимови, го овозможиле претворањето на државната сопственост во приватна. До 1998 година, околу 90% од општествениот капитал веќе бил приватизиран или завршил во стечај.
Клучни шпедитерски куќи како Фершпед и Макошпед функционирале како „држава во држава“, контролирајќи го реекспортот на цигари, нафта и алкохол за време на санкциите кон СР Југославија. Поплавата во Царинската управа во 1997 година, според Ѓурчевски, била „чистење“ на документација за прикривање на овие трговски шеми. Енвер Малиќи се споменува како главен увозник на акцизна стока во 90-тите.


Киднапирања и „Црни Пари“
Интервјуто открива дека во 2001 година, УЧК структури киднапирале деца на видни албански бизнисмени, вклучувајќи роднина на Енвер Маличи и детето на Митат Шакири, за откуп. Вкупната сума изнесувала околу 2,5 милиони евра. Информациите за овие киднапирања биле добиени преку српската операција „Сабја“.
Овие шеми на „црни пари“ и „црни бизниси“ според гостинот Љубомир Ѓурчески, биле контролирани од политичките елити, како што се Тито Петковски, Бранко Црвенковски, Љупчо Георгиевски и Мендух Тачи. Мендух Тачи, на пример, наводно ја контролирал граничната царинарница Јажинце за шверц со цигари кон Косово, со негово алтернативно седиште во ресторан во Тетово.

Атентатот на Киро Глигоров: Борба за Приватизација
Ѓурчевски цврсто ја поврзува причината за атентатот на претседателот Киро Глигоров со неговото спротивставување на системот на приватизација преку менаџерски тимови. Тој укажува дека „Братиславската врска“ и Наим Лесковица (кој наводно му го подарил мерцедесот на Глигоров) биле отклонување на вниманието од суштината. Методот на автомобил-бомба е поврзан со француската Легија на странци.
Возачот на Глигоров подоцна бил пронајден мртов, прегазен од воз. Се сугерира дека Глигоров се замерил со Данчо Шутурков поради богатството од тутун и цигари.

Рафинеријата ОКТА: Симбол на Системски Криминал
Продажбата на рафинеријата ОКТА (поранешна Скопска Рафинерија) е означена како „најеклатантен пример на заеднички криминал“. Иако државата, под Бранко Црвенковски, ги презела нејзините долгови, таа продолжила да генерира огромни загуби. Подоцна, Љупчо Георгиевски ја продава рафинеријата на Грците (Врводијани/Бритиш Петролеум), што им овозможило контрола врз снабдувањето со гориво за Косово.
Влијанието на грчките бизнисмени како Мамидакис, поврзан со увозот на нафта и финансирањето на политички партии, е истакнато, како и стратешките интереси на Германија и Франција во регионот, вклучувајќи ги и воените бази.


Подемот на Сашо Мијалков и Јордан Камчев
Моќта на Сашо Мијалков почнува да расте по 2008 година, кога заедно со Јордан Камчев формираат „прекрасен тандем“. Тие ги искористувале криминогените јавни набавки, особено во здравството, кое има најголем буџет. Ѓурчевски нагласува дека оваа комбинација создала „држава во држава“, со полицијата под нивна целосна контрола и масовно прислушување на граѓани.

Кумановските Настани и Диво Насеље
Настаните во Диво Насеље (мај 2015) се гледаат како „почеток на крајот“ за Никола Груевски. Ѓурчевски посочува дека полициските единици биле испратени со несоодветна безбедносна проценка против паравоена формација, што довело до големи жртви во првите минути од акцијата. Во овој дел се анализираа и активностите на Бајруш Сејдиу, моќен криминалец од Куманово поврзан со шверц на цигари и Хашим Тачи. Неговото ослободување од Врховен суд се наведува како пример за системска корупција.


Случајот Вања Ѓорчевска: Пајажина од Корупција и Одмазда
Во контекст на неодамнешната трагедија со малата Вања Ѓорчевска, Ѓурчевски сугерира дека овој случај е дел од многу подлабока мрежа на интереси. Љупчо Палевски-Палчо е претставен како „извршител“ кој бил свесно избран и елиминиран прв, за да не се дојде до нарачателите и осмислувачите.
Се посочуваат можни врски помеѓу дедото на Вања, Ванчо Лазаров (поранешен цариник со големо богатство), и Кираца Трајковска (сопругата на Љупчо Палевски е втора братучетка на Кираца) која е наречена „мозок на приватизацијата“. Случајот се споредуваше со нерешеното киднапирање на Биљана Србиновска од 1989 година, со слични елементи на нерасветлен криминал.

Странско Влијание и Методи во конфликтот во 2001 година

При крајот од емисијата гостинот Ѓурчевски повторно се наврати на конфликтот во 2001 година, зборувајќи за странското влијание во конфликтот и методите кои биле користени од страна на напаѓачите.

Ѓурчевски тврди дека над извршителите стоеле странски разузнавачки служби.

Дека се пронајдени германски воени униформи во областа Враживир, кај реката Лепенец, близу до границата со Косово, што сугерира дека борците доаѓале од Косово во германски униформи, се пресоблекувале и влегувале во Македонија како цивили.

Исто така, забележано било и присуство на француски инструктори во белгискиот воен камп над Бродец, кон Танушевци.

Два контејнери со оружје биле спуштени со хеликоптери во Думановце за време на воената криза за потребите на регионот….

Ѓурчевски потенцираше дека повеќето жртви на македонската војска и полиција биле од заседи, по „француски методи“, а дека само двајца загинале на фронт.

Како примери за заседи ги спомна Карпалак, Љуботенски Бачила, нагазни мини во Танушевци.

Улогата на АРМ:

Нагласена е заслугата на АРМ и генералот Панде, кои не дозволиле спојување на тетовско-радушкиот фронт со карадачкиот фронт (Танушевци, Гошинце, Стојанова Река). Ова било клучна стратешка цел на противничката страна. Липковско-кумановскиот регион и Карадачкиот регион биле клучни за време на конфликтот.

Командант Малишева е споменат како еден од раководителите на групите во Диво Насеље во 2015 година, но и како главен командант заедно со двете муџахедински бригади (111-та и 113-та) кои учествувале во Карадачкиот регион во 2001. Тој беше убиен во престрелките во Диво Насеље во 2015 година.

Последици и Цели:

Конфликтот во 2001 година, заедно со другите превирања, имал за цел Македонија да биде потчинета и доведена во потчинета состојба спрема други странски држави и корпорации.

Како резултат на конфликтот, се зацврстила моќта на криминални групи и поединци како Агим Красниќи и Шеваљ Муареми, кој подоцна станува „сериозен играч“ во меѓународна трговија со дрога, под „специјална заштита на најмоќната нарко служба во светот“.

Истовремено, се создавале митови за Арачиново – лаборатории, фабрики, тајни шверцови, иако Ѓурчевски тврди дека таму не биле пронајдени ниту лаборатории за дрога, ниту тајни фабрики за цигари.
Заклучок: Македонија е Заробена Држава во Магичен Круг
Интервјуто кулминира со заклучок дека Македонија е заробена во „магичен круг“ на истата олигархија и елита, која ја креира и руши власта. Оваа олигархија, создадена од „црни пари“, владее со државата, ги контролира институциите и спречува сериозни истраги. Ѓурчевски потенцира дека коренот на проблемот лежи во длабоката испреплетеност на криминалот и политиката, која постои уште од приватизацијата. За да се излезе од оваа состојба, потребна е длабинска анализа и национален консензус.

Целата емисија погледнете ја на следниот линк: