Дмитриј Медведев, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен претседател на Русија постојано се заканува со нуклеарно оружје, но овој пат отиде чекор понатаму. Во објава на социјалната мрежа Телеграм, тој кажа дека секоја војна, вклучително и светската, може брзо да се заврши.
„Тоа може да биде или со потпишување мировен договор или со правење на она што го направија Американците во 1945 година кога го користеа своето нуклеарно оружје и бомбардираа два јапонски града. Јапонската Армија потоа ја ограничи воената кампања. Цената беа животите на речиси 300.000 цивили“, вели Дмитриј Медведев во неговата објава.
Тој додава дека доколку САД и нивните вазали престанат да испраќаат оружје во Украина, Русите ќе ја прекинат војната во рок од неколку месеци, пренесуваат странските медиумски агенции.
Исто така, Дмитриј Медведев смета дека војната би завршила за неколку дена доколку Западот веднаш престане да ја снабдува Украина со оружје.