Кралското семејство на Саудиска Арабија одлучи да го укине системот „кафала“ со кој странските работници доаѓаа во оваа земја, со што таа стана трета земја на Блискиот Исток што одлучи за оваа реформа.
Системот „кафала“, кој беше воведен во 1950-тите во земјите од Заливот поради потребата од евтина работна сила, веќе беше укинат порано во Бахреин и Израел.
Овој систем подразбираше врзување на странските работници за спонзор, или поточно за првиот работодавач за кој работеле по пристигнувањето во земјата.
Без одобрение од спонзорот, странските работници не можеле да ја напуштат земјата, да менуваат работни места и да бараат правна помош во случај на злоупотреба.
Работодавците ги користеа, па дури и ги злоупотребуваа овие права. Имаше чести случаи на одземање на пасоши и закани за депортација, на кои работниците не можеа да реагираат.
Со одлука на кралското семејство, а како дел од сеопфатните реформи спроведени во последните неколку години, Саудиска Арабија ќе го укине овој систем и ќе го замени со систем базиран на договори.
Според новите правила, странските работници ќе можат да менуваат работни места, да ја напуштат земјата и да бараат правен совет во случај на злоупотреба.
Вреди да се напомене дека системот кафала сè уште постои во голем број земји од Заливот, вклучувајќи ги Кувајт, Либан, Оман и Катар.