Младата Месечина нè очекува во земјениот знак Девица на 23 август и го претставува периодот од месецот кога е добро да се започне нешто ново. Ќе има влијание врз сите знаци на Зодијакот, но повеќе можат да ја искористат Девиците, Јарците и Биковите.
Младата Месечина во Девица носи енергија што нè охрабрува да ставиме ред во нашите животи, да се ослободиме од непотребното и да обрнеме внимание на она што е навистина корисно и здраво.
Ова е идеално време за планирање, организирање и поставување конкретни цели, особено оние поврзани со секојдневните обврски, работата, здравјето и личните навики.
Нови решенија што го олеснуваат секојдневниот живот
Девицата е знак на прецизност и аналитичко размислување , па затоа овој период нè мотивира да ги разгледаме деталите и да најдеме практични решенија за предизвиците што нè мачат.
Енергијата на младата месечина ни помага и да направиме промени во нашата дневна рутина – без разлика дали станува збор за нова исхрана, воведување физичка активност, подобра организација на работниот простор или развивање вештини што ќе ни го олеснат животот.
Поздрави навики
Бидејќи Девицата владее и со здравјето, сега е време да ги слушаме сигналите на нашето тело, да правиме превентивни прегледи или да усвоиме поздрави навики.
Оваа Млада Месечина нè учи дека малите промени, кога се конзистентни, можат да доведат до големи резултати. Доволно е да се направи првиот чекор – останатото ќе си дојде на свое место само по себе.