Доаѓа недела на силни емоции и избрзани одлуки: Тишината може скапо да ја чини Шкорпијата, Стрелците ќе бидат на љубовни искушениа, пари ќе им пристигнат на Водолиите

Во текот на наредната недела, некои хороскопски знаци ќе се соочат со решавање проблеми и носење големи одлуки. Поединците силно ќе го почувствуваат танцот на ѕвездите и планетите и ќе паднат во замките на избрзаните потези кои можат скапо да ги чинат.

Погледнете што ви подготвија ѕвездите.

Овен – Во побавен ритам

РАБОТА : На Овенот нема да му се допадне бавната енергија и ритамот што ќе им се наметне. Колку и да се трудат да се усогласат со некои ситуации, сè ќе изгледа премногу бавно и бесмислено. Можни се недоразбирања со луѓето со кои работите, но и со некои од надлежните. Наместо да се нервирате, обидете се да прифатите сè што ви се случува и мирно да ги решите сите проблеми на кои ќе наидете. Задолжително проверете сè што правите бидејќи можни се грешки и пропусти, не потпишувајте важни договори и не донесувајте важни одлуки. Некои планови исто така може да бидат одложени, како на пример патување. И да не биде сето тоа лошо, ова е одличен период да ги завршите и прегледате сите работни места и обврски што ги имате. Не барајте краток начин за решавање на некои проблеми бидејќи тие ќе испаднат уште подолги – темелно, чекор по чекор, завршете ги задачите. Ова е добар период за кредити, заеми и отплата на долговите, а не е исклучено и да ги добиете парите што долго ги чекате. Очекувајте помош од жени или луѓе кои имаат чувства за вас, што може да биде меч со две острици. Ќе имате и проблеми со еден од родителите.

ЉУБОВ: На емотивен план, Овенот кој е во брак или врска би можел да има проблеми. Ќе ви пречи тоа што треба да повторувате една работа повеќе пати или што партнерот е инертен и бавен. Можно е во вас да се насоберат некои работи кои би можеле да предизвикаат експлозија и несоодветна реакција. Сè што ви се чини може да биде погрешно, затоа не донесувајте одлуки. Партнерот е тука кога ви треба најмногу, запомнете го тоа. Слободниот Овен би можел да има тајни чувства кон личност која доаѓа од деловно опкружување. Тоа може да биде зафатена личност или дури и токсична врска. Добро размислете пред да навлезете во вакво нешто бидејќи ве водат исклучиво вашите инстинкти, додека носите розови очила.


ЗДРАВЈЕ : Посебно треба да се грижите во оваа област. Ова е периодот кога вашето здравје е во фокусот, затоа не ги игнорирајте симптомите и правете ги сите тестови, особено во однос на репродуктивните органи и уринарниот тракт.