Овој феномен се нарекува ортостатска хипотензија
Колку пати ви се случило кога ќе станете пребрзо, да почувствувате ненадејна вртоглавица ? Иако оваа состојба е многу честа и главно безопасна , во некои ситуации би било добро да се посети лекар за да се провери причината.
Вртоглавицата е честа појава и не е нешто за што треба да се грижите . Оваа состојба – медицински позната како постурална или ортостатска хипотензија – е предизвикана од брза промена во положбата на вашето тело.
Може да изгубите рамнотежа или да ви се затемни пред вашите очи, сето тоа поради привремен пад на крвниот притисок што го намалува протокот на крв и кислород во мозокот.
Снабдувањето со крв во мрежницата исто така се намалува, што предизвикува темнина пред очите. Д-р Стипен Џурашчек, од Медицинскиот факултет на Харвард, го наведува следново: – Кога луѓето стануваат, околу 300 до 800 кубни см крв се вовлекуваат во нозете, што доведува до привремено опаѓање на крвниот притисок.
Падот го откриваат артериите и затоа предизвикува одговор на целото тело за стабилизирање на крвниот притисок. Крвните садови се стеснуваат , мускулите на нозете и стомакот се собираат и отчукувањата на срцето се зголемуваат.
Обично ова не предизвикува никакви очигледни симптоми, но може да ви треба подолго време за да се стабилизирате ако сте дехидрирани или не се чувствувате добро. Сепак, состојбата може да биде проблематична ако ја доживувате редовно.
– Постуралната хипотензија може да биде особено загрижувачка ако трае подолго од 3 минути додека стоите.
Потоа, иако во ретки случаи, тоа може да биде знак за оштетување на нервите, што влијае на автономниот нервен систем. Тоа може да значи и дека имате низок пулс, низок шеќер во крвта или некои состојби на тироидната жлезда.
Други поврзани состојби вклучуваат срцева слабост, недостаток на витамин Б12, алкохолизам, Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест, анемија и атеросклероза.
Ако сте загрижени за вашите симптоми, здравствената служба препорачува вашиот лекар да го провери вашиот крвен притисок.