Дајан дос Сантос Фариас (34) го нападнала својот 39-годишен сопруг на 22 декември во семејната куќа во Аибаја, Сао Паоло, Бразил, откако откри дека тој наводно спиел со нејзината 15-годишна роднина.
Дајан го признала делото и на полицијата и рекла дека го намамила сопругот на секс, кажувајќи му по телефон дека планира да носи еротска долна облека.
Но, откако со долната облека му ги врзала рацете и нозете за креветот и ги изгасила светлата, извадила жилет и почнала насилно да му ги сече гениталиите.
Нејзиниот сопруг, кој не е именуван, сега сподели со бразилските медиуми дека и простил на сопругата, но одбил да ги коментира наводите дека спиел со нејзината внука тинејџерка, објави Дејли Меил.
– Сè се случи многу брзо – рекол тој, опишувајќи како го очекувал, кога сопругата ненадејно го фатила за гениталиите во темнината и со жилет му го отсекла пенисот.
– Тогаш ја турнав и ја ставив раката таму, крв бликаше. Ја прашав зошто го направи тоа – рече тој.
Тој рече дека неговата сопруга е „посесивна“ и неодамна му го скрши новиот телефон од љубомора.
– Но… ништо во животот не се случува без Божја дозвола. Што се однесува до тоа дали јас и простувам, вистината е дека Бог е тој што мора да прости, но простено и од моја страна – рече тој.
Според локалните медиуми, Дајан влегла во локалната полициска станица со нејзиниот брат веднаш по нападот на 22 декември.
– Добровечер, полиција, дојдов да се претставам затоа што само што му го отсеков пенисот на мојот сопруг – наводно рекла жената.
Таа, исто така, рече дека го фотографирала отсечениот орган пред да го фрли во тоалетот и објасни дека тоа го направила затоа што „слушнала дека е можно повторно да го сошие “. Однесена е во притвор каде што е еден месец до завршување на истрагата, а против неа е поднесена кривична пријава за убиство во обид.
Полицијата не ги коментираше нејзините наводи дека нејзиниот сопруг спиел со нејзината 15-годишна внука, а Дејли Мејл пишува дека законската возраст за согласност за сексуален однос во Бразил е 14 години.