Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри кога напаѓачот Ерлинг Халанд ќе може да игра.
„Неговото закрепнување бара време. Се надеваме дека ќе го имаме готов до крајот на месецот. Заздравувањето траеше малку подолго од првично планираното“, го цитира BBC – Пеп Гвардиола.
Дваесет и тригодишниот Норвежанец заработи повреда на ногата на натпреварот против Астон Вила (0:1) кој се одигра на 6. декември.
Претходно се дозна дека Ерлинг Халанд нема да игра во 21. коло со Њукасл и ќе го пропушти 9. натпревари по ред.