ДОГОВОРОТ Е ВЕЌЕ ПОТПИШАН – Кристијано Роналдо му најде нов клуб на неговиот 13-годишен син

Кристијано Роналдо ја искористи репрезентативната пауза пред продолжението на клупската сезона во Саудиска Арабија за да му најде нов клуб на својот син Jуниор.

Познато е дека Кристијано Роналдо е член на Ал Наср од декември минатата година, а сега по неговите стапки ќе тргне и неговиот наследник.

Младиот 13-годишен Кристијано Роналдо Jуниор од денеска е член на Ал Наср и ќе игра за селекциите до 13 и до 15 години. Како и неговиот татко, тој ќе ја носи седмицата на својот дрес.

Јуниор ќе дебитира за новиот клуб веќе во петок, кога стартува националното првенство за играчи до 13 години.

Ал НасрКристијано РоналдоКристијано Роналдо Јуниорфудбал