Овој познат Холивудски пар ја има убедливо најдолгата врска во Холивуд која никогаш не била крунисана со брак.
Познатите актери Голди Хон и Курт Расел се во врска повеќе од 40 години и важат за еден од омилените парови на Холивуд.
Тие се заедно од 1983 година, а во врската го добија синот Вајат, кој исто така е актер.
Во една прилика Голди ја прашале зошто не се мажи за Расел, а таа дала многу интересен одговор.
„Да прифатев да се омажам, одамна ќе бев разведена. Ако имаш потреба да се врзуваш за некого, тогаш важно е да си во брак. Но, ако си независен по природа, тогаш тоа е подобро да не се омажиш“.
Со оглед на тоа дека важат за еден од најхармоничните двојки во Холивуд, луѓето често ги прашуваат за рецептот и како успеале да ја одржат својата врска. Тие двајца често зборуваат за својата љубов, а и самиот Расел еднаш зборуваше за тоа каква била нивната прва љубовна средба.
“Гледавме филм, а потоа отидовме да танцуваме. Си поминавме лудо, па решивме дека не сакаме ноќта да заврши со танцување. Отидовме во куќата што таа неодамна ја купи. Се качивме горе, погледнавме во имагинарниот мебел во недовршената спална соба Почнавме да водиме љубов, а следниот момент се појави полиција во собата.
Како што изјавил, полицијата упаднала бидејќи мислела дека во куќата има провалници.
Иако Голди имала бурен живот пред Расел, се чини дека овој актер успеал да ја смири засекогаш. Во текот на седумдесетите, Голди се дружеше со Ролинг Стоунс и зад себе има два брака. Расел се ожени само еднаш и има уште еден син.
Оваа најзаљубена холивудска двојка сè уште привлекува внимание речиси на секој чекор, а последен пат блеснаа на настан организиран од фондацијата Голди Хоун. Потоа со координирани модни изданија на сите им покажаа дека нивната љубов сè уште трае.