Најголемите светски фудбалски и кошаркарски ѕвезди често се фалат со новите автомобили што ги возат на тренинзи и натпревари, додека суперѕвездите на Формула 1 не можат да патуваат до работа со своите миленици на четири тркала, па купуваат други превозни средства.
Макс Верстапен претходно одел на трки со својот персонализиран авион Dassault Falcon 900EX, вреден околу 10 милиони долари, а сега одлучил да се почести со пет пати поскап авион.
Претходниот авион на Макс, Dassault Falcon 900EX
Тој не го смени производителот и купи Dassault Falcon 8X за 50 милиони долари.
Во својот претходен авион, Верстапен можеше да прелета 7.400 километри без полнење гориво, а новиот авион има домет од дури 11.945 километри.