Поголеми делови од Австралија денеска се погодени од екстремен топлотен бран, соопшти Националната метеоролошка агенција, предупредувајќи на можен пожар како последица на Ел Нино.
Предупредувањата за екстремни топлотни бранови продолжуваат втор ден по ред, кои ги зафаќаат главно западните и јужните делови на Австралија, вклучувајќи ги Квинсленд и Нов Јужен Велс, пишува Телеграф.
Во западниот дел на Австралија, во Пилбар и Гисконе температурите може да се приближат до 50 степени Целзиусови.
На околу 1.500 километри северно од Перт, во рударскиот град Парабург Пилбар, се прогнозира дека температурите ќе достигнат 48 степени Целзиусови, седум степени потопла од просекот за другите јануари.
Највисоката температура забележана во Австралија беше 50,7 степени на аеродромот Онслоу во Пилбара на 13 јануари 2022 година.
Од друга страна, многу земји на континентот Европа се погодени од многу ниски температури, каде како последица на обилните снежни врнежи се блокирани патиштата, а откажани се многу летови.
Дури и во некои европски земји имаше повик да не се излегува надвор освен ако тоа е апсолутно неопходно.